Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОРАН СУГАРЕСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЈОВЧЕСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ - граѓаните му ја дадоа довербата, да обезбеди развој на градот

ГОРАН СУГАРЕСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЈОВЧЕСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ - граѓаните му ја дадоа довербата, да обезбеди развој на градот

Горан Сугарески, кандидат за градоначалник на Прилеп од СДСМ, му ја призна победата на неговиот противкандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески и му честиташе, со очекување дека тој ќе придонесе за натамошен развој на градот.

Како што може да се види и од официјалните податоци на ДИК, во Прилеп е решен исходот од изборите уште во првиот круг, односно таму победата ја однесе д-р Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ. Тој освои 54.86 отсто од гласовите или 22.164 гласачи, на обработени над 99 отсто од избирачите.
Горан Сугарески е втор со освоени 14.623 гласа или 36,2 отсто од гласовите.
Ова значи дека Јовчески ја освоил победата уште во првиот круг, со 7.541 гласови разлика. 
Многу помали проценти и број на гласачи имаат освоени другите тројва кандидати кои учествуваа на изборите во оваа општина.
„На крајот на изборниот процес, би сакал да ви се заблагодарам на вашата поддршка искажана за време на изборната кампања за локалните избори за градоначалник и членови на општинскиот Совет.

Мнозинството граѓани од нашата општина се изјасни за промени и му ја даде довербата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

На новиот градоначалник Борче Јовчески, му ја честитам победата. Му посакувам да ги реализира планираните проекти, кои ќе придонесат за понатамошен развој на градот и подобар живот на граѓаните на општина Прилеп“, напиша Горан Сугарески на својот фејсбук профил.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести