Економија, финансии, бизнис

Контакт

Горан Милевски се заблагодари на Франција и го отфрли францускиот предлог

Горан Милевски се заблагодари на Франција и го отфрли францускиот предлог

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски се заблагодари на Франција и го отфрли францускиот предлог. На социјалните мрежи образложи зошто е против овој предлог. 

„La France merci, mais NON. Билатералните спорови не смеат да станат Европски услови, како што спорот помеѓу Словенија и Хрватска не беше проблем за влез на Хрватска во ЕУ. Македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија. Секое предлог решение мора да добие согласност од Македонскиот парламент. Јазикот не може да биде компромис, бидејќи тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот договор. Со Преспанскиот договор се гарантираше влез на Македонија во НАТО и ЕУ. Ако сега едниот гарант на договорот ЕУ, не го почитува договорот, тогаш се доведува во прашање и смислата на самиот договор и колку Македонија треба да го почитува. ЕУ треба јасно да се изјасне, ја сака ли Македонија во ЕУ или НЕ. Ние повеќе немаме време за губење. Потребен ни е брз развој со јасни политики и однос кон ЕУ и нивните перманенти условувања. Во ЕУ ќе влеземе како Македонци со своја вековна историја, култура, традиција и вредности, со сопствен јазик и посебности а влез како втора бугарска држава, ниту сакаме, ниту некој може да прифати, ниту кореспондира со реалноста и историјата. Историската комисија да достави на увид што се договориле со нивните колеги од Бугарија. Не може 3 историчари да бидат историската вистина. За секое нивно решение треба да има широк општествен консензус. Ова е мој личен став кој ќе го застапувам во рамките на партијата и Владата“, пишува Милевски. 

Овој  негов став го поздрави, екс пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. 

Слично

Поврзани вести