ГОРАН МИЛЕВСКИ: Немало и нема да има потписи на ЛДП за уривање на Владата
Лидерот на Алијанса, Зијадин Села, вели дека Скендер Реџепи од Алтернатива не ја кажува вистината кога вели дека не знаел дека двајца пратеници на Левица потпишале за уривање на Владата. Додава дека нема потреба никого да измами бидејќи никој не е дете.
„Човек кога има некоја мака се обидува да најде не осноаени причини и реално лажги. Никој не е дете, секој знае дека листата е потпишана за да се урне Владата“, вели Зијадин Села.
Според пратеникот Скендер Реџепи, според информациите со кои располагал, знаел дека пратениците на ЛДП ќе го дадат нивниот потпис за ново мнозинство.
Лидерот на ЛДП, Горан Милевски вели дека за уривање на Владата немало и нема да има нивни потписи.
„Нема потписи на ЛДП во листата и нема да има. Јас не можам да коментирам се што се зборува“, додава Горан Милевски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, коментирајќи ја изјавата на Реџепи, рече дека дента кога ќе се гласа за интерпелација на Владата, ќе имаат повеќе од 61 пратеник.
