Економија, финансии, бизнис

Контакт

Горан Грујевски осуден на година и пол затвор

Горан Грујевски осуден на година и пол затвор

Поранешниот началник на Петата управа, Горан Грујевски, е осуден на 1,5 години затвор за фалсификување на пасоши. Пресудата беше изречена во негово отсуство затоа што тој е во бегство.
На судската седница немаше ниту претставници на одбраната ниту од Обвинителството. Судот ја донесе истата одлука за Грујевски по втор пат откако Апелациониот суд го врати предметот на повторно судење.

Судскиот процес против Грујевски и соработникот од УБК Никола Бошкоски за фалсификуваните патни исправи со кои ги фати грчката полиција во Солун беше даден во надлежност на македонските судови.

Слично

Поврзани вести