Економија, финансии, бизнис

Контакт

Горан Герасимовски поднесе кандидатура за градоначалник на општина Центар

Горан Герасимовски поднесе кандидатура за градоначалник на општина Центар

Општина Центар го претставува урбаното јадро на Градот Скопје, а со тоа ја носи и одговорноста да биде пример за сите останати општини. Мојата замисла за урбана општина значи повеќе зеленило, урбани катчиња, повеќе паркинг места, современи училишта и градинки во кои ќе има слободни места за секое дете, најави Горан Герасимовски, претседателот на СДСМ Центар, кој денеска ја поднесе својата внатрепартиска кандидатура пред локалните избори.

„Како жител на општина Центар но и како претседател на СДСМ Центар одблизу го следам развојот на општината и водејќи се од моите сопствени потреби како граѓанин сметам дека во општината недостасуваат проекти кои ќе ја зголемат нејзината функционалност но и ќе донесат позитивни промени кои ќе го олеснат и подобрат животот на центарци. Тие промени беа и мотивот заедно со кандидатурата за градоначалник на општина Центар да поднесам и програма за развој на општината.

Гледам многу причини заедно со граѓаните да ги поставиме вистинските цели и вредности во општината. Ќе поставиме функционални системи за партиципативно владеење и наместо да зборуваме за транспарентност и отчетност ќе преземеме конкретен чекор – политиките ќе ги носиме со граѓаните за нас граѓаните.

И да, за да ги поставиме темелите, вредностите, проектите, визиите да го добијат своето значење потребно е многу труд, време и енергија но тоа е мојата желба, општината во која израснав и ги воспитувам своите деца да биде пример на задоволни жители.

Верувам дека заедно и обединети повторно ќе извојуваме уште една голема победа и верувам дека можеме уште подобро. Центар го може и го заслужува тоа“, објави Герасимовски.


Слично

Поврзани вести