Google Pay наскоро со картичките од Комерцијална банка!
Комерцијална банка наскоро ќе ја овозможи дигиталната услуга GooglePay за сите свои клиенти што поседуваат Visa или Mastercard картичка од оваа банка.
Компанијата Google на 6 јуни има објавено дека апликацијата GoogleWallet станува достапна во пет нови земји – Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Аргентина.
Со тоа дигиталниот сервис Google Pay, кој го овозможува оваа апликација, е широко распространет во областа на дигиталните плаќања во светот, па и во регионот, сега станува достапен и за граѓаните во Македонија, а како што дознаваме, ќе го овозможат неколку домашни банки, меѓу кои е и Комерцијална банка.
Компанијата Visa веќе има кампања со која пренесува дека GooglePay е достапен за граѓаните во Македонија.
Google Pay овозможува едноставни и безбедни плаќања со Android смартфон или смарт часовник, при што телефонот или часовникот стануваат дигитален паричник преку апликацијата Google Wallet. Во Google Wallet корисникот додава картички, со кои потоа може да се плаќа во секое време на милиони места во светот што прифаќаат бесконтактни платежни трансакции, на веб сајтови и во мобилни апликации.
Комерцијална банка најавата за новата дигитална услуга веќе ја објави на својата веб страна, со прецизни детали за тоа како се користи GooglePay.
„Како докажан врвен иноватор во светот на финансиите, Комерцијална банканаскоро во соработка со Googleќе ја овозможи дигиталната услуга GooglePayза едноставни и безбедни плаќања со Android или WearOS уред. Со Visa и Mastercard картичките на Комерцијална банка во GoogleWallet, мобилниот телефон или часовник лесно станува дигитален паричник, со кој може да се плаќа во секое време на милиони места во светот што прифаќаат бесконтактни платежни трансакции. Комерцијална банка, која со сопствената апликација KomPay е пионер во земјава во сегментот на бесконтактни дигитални плаќања и во воведувањето најсовремена технологија за овој вид плаќање, сегасе приклучува кон глобалните светски брендови и овозможува поволности и привилегии насекаде во светот“, објави Комерцијална банка.
Комерцијална банка ќе овозможи дигитализирање во Google Wallet на сите Visa и Mastercard картички, при што клиентите сами ќе бираат колку картички ќе дигитализираат преку своите Androidили WearOS уреди и со која картичка ќе вршат плаќање.
АпликацијатаGoogle Wallet се презема бесплатно преку Google Play Store, а се активира и користи на едноставен начин. Плаќањата се брзи, едноставни и безбедни и може да се вршат во безброј продавници, ресторани, веб-страни и апликации.
Кога се користи Google Pay,трансакциите се сочувани на сметката што секој корисник ја креира во Google. Со тоа Google Pay ги прави едноставни секојдневните плаќања и ја зголемува контролата на личните финансии.
Нуди и највисоко ниво на безбедност во плаќањето така што за секоја трансакција креира уникатна виртуелна картичка (токен за плаќање), кој се менува со секоја нова трансакција, а не постои ни можност за двојна наплата, дури и ако мобилниот телефон два пати се доближи до ПОС терминалот. Во случај на кражба или губење на мобилниот телефон, со помош на функцијата „Find my device“ корисникот може да го заклучи телефонот, да внесе нова шифра или дури да ги избрише личните податоци од мобилниот уред.
