Google немало да жали пари за да го преземе Snapchat
Интернет гигантот Google лани имал сериозна иако засега неофицијална намера да потроши многу пари за да го преземе Snap inc стартапот кој ја води ултра популарната апликација Snapchat омилена пред се на тинејџерите.

За таа цел Google планирал да потроши неверојатни 30 милијарди долари со што би ја платил една од најскапите аквизиции досега, но раководството на Snapchat, особено основачот Еван Шпигел не сакал да ја изгуби контролата која сега ја има при управување со компанијата.
На сите веќе им е добро позната приказната за легендарното одбивање на 4 милијарди долари кои Шпигел ги одбил од директорот на Facebook Марк Цукербег.
Главната болка на Google е што никако да постигне успех во делот на социјалните мрежи, Google + пропадна од старт бидејќи никој не беше заинтересиран активно да го користи, ниту пак успех постигнаа различните мобилни апликации за допишување. Доколку Snapchat би бил под нивна капа барем би имале основно учество на пазарот и можност да се натпреваруваат со Facebook на тоа поле.
Без оглед што до преземање не дошло акциите на социјалната мрежа и апликација за допишување пораснаа за 2,3% на берзите што е одличен сигнал за потенцијалните инвеститори на Snapchat.
