Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛГОТАТА НИЗ БРОЈКИ: За колку деца жртви е побарано помош на СОС линија?

ГОЛГОТАТА НИЗ БРОЈКИ: За колку деца жртви е побарано помош на СОС линија?

Во текот на 2016 година на СОС линијата при Првата детска амбасада во светот Меѓаши се обратиле 42 женски и 27 машки лица, при што за 111 деца жртви или потенцијални жртви е побрана помош или информација. 

Повеќето деца жртви се на возраст од  6 до 14 години. Децата страдаат при бракоразводни постапки, семејно насилство, сексуално насилство, питачење и слично.

Се прекршува правото детето да се гледа со едниот родител при развод на брачните партнери.

Со ваков проблем се соочиле 33 од децата жртви за кои е реагирано.

21 дете било жртва на физичко, психичко насилство или негрижа од родителите.

За 6 деца постои сомнеж дека се сексуално злоупотребени од близок или познаник.

Во дадениот период 11 деца морале да питачат или нивниот труд е експлоатиран.

Најголем број од луѓето кои пријавиле прекршување на детските права се Македонци, и тоа 97, додека 2 се Албанци, 6 се Роми.

Кршење на детските правa најчесто пријавуваат луѓето кои живеат во урбана средина, а многу ретко од рурална средина, се гледа од извештајот.


Сепак, мал е бројот на деца кои се осмелиле сами да пријават и во тој дел заклучокот е дека мора децата да се охрабрат. 

Во извештaјот на СОС линијатa за деца и млади при Првата детската амбасада во светот Меѓаши, e наведено дека сиромаштијата е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат децата.

Инаку, за 23 години откако постои линијата имало над 20.000 повици.

Последниот случај кој ја потресе македонската јавност е со трите деца кои изгореа заклучени во куќа во Велес, додека родителите не биле дома.  Од  Првата детска амбасада во светот Мeѓаши изразија најдлабоко жалење за изгубените млади животи и бараат одговорност. Одземањето на родителското право и сместувањето во згрижувачко семејство треба да бидат крајни мерки, додаваат во реакцијата. За случајот се води истрага која ќе покаже од што настанал пожарот. 

Сања Атанасовска

Слично

Поврзани вести