Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО РАДОВИШ: Славчо Попоски објави видео и најавува уште поројни дождови и силен ветер

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО РАДОВИШ: Славчо Попоски објави видео и најавува уште поројни дождови и силен ветер

Невреме проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења и силен ветер го зафати вчера попладне Радовиш, а метеопрогнозерот Славчо Попоски објави и видео на неговиот официајлен Фејс Бук профил.

Најавува уште поројни дождови и засилен ветер.

-Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, се до крајот на оваа, како и во почетокот на следната недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно свежо за овој период од годината со потпросечни температури на воздухот. Ќе има и повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет. Од утре, па во следните денови ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во почетокот на следната седмица ќе има и локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наутро температурите на многу места ќе се спуштаат и под 10 степени, а максималните дневни температури на воздхот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени, а во југоисточните предели истите повремено ќе се искачуваат и до 20 степени, посочува Попоски во најновата прогноза за времето

Во Скопје и околината исто така продолжува променливото време со повремени врнежи од дожд. Од утре ќе започне да дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, а температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 18 степени.

-За африканска топлина и понатаму ќе се изначекаме. Засега нема на видик таков топол бран, како што доликува за овој период од годината. Постојат некои услови дека и до самиот крај на овој месец да не очекуваме никаков африкански топлотен бран.


Слично

Поврзани вести