Економија, финансии, бизнис

Контакт

Големо намалување на новозаболени во Македонија, но има четворица починати

Големо намалување на новозаболени во Македонија, но има четворица починати

Во изминатото деноноќие се потврдени само 26 нови случаи на Ковид 19. Во Скопје се регистрирани само четири, а најмногу има во Куманово - вкупно 11. Останатите се 4 од Тетово, 3 од Прилеп, 2 од Велес и по еден од Кочани и Пробиштип.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).

Бројот на заболени во земјата се искачи на 854 дијагностицирани пациенти, додека излекувани до сега вкупно се 44. Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.



Слично

Поврзани вести