Големиот студ во регионот нема да ја одмине Македонија
За регионот следува период на голем студ. Во Хрватска снегот веќе пристигна и направи хаос. Метеоролозите најавуваат температури и до -20 степени.Во Хрватска снегот едвај се чисти, а снежната покривка е 118 сантиметри. Во чистењето се вклучи и војската.
Во Македонија пак, од утре се очекува да паѓа снег. Како што информираат синоптичарите, пообилни врнежи ќе има утре во текот на ноќта и во понеделник претпладне кога насекаде ќе се формира снежна покривка. На пониските места се очекува да наврнат околу 10-15 см, а на планините ќе се зголеми и за над 30 см.
Слично
