Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Големиот противник на влијанието на Русија во регионот пречекан во Македонија

(ФОТО) Големиот противник на влијанието на Русија во регионот пречекан во Македонија

Фото: Фактор

Генерал Куртис Скапароти, највисокиот офицер на САД што работи на европско тло, кој важи за голем противник на влијанието на Русија на балканскиот регион, денеска престојува во посета на Македонија. 


Командантот на Командата на американските сили во Европа и Врховната команда на НАТО за Европа официјално е пречекан во Министерството за одбрана, каде имаше средба со делегација на МО и Армијата, предводена од министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Скапароти ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, откако ќе ја посети касарната „Илинден“, каде ќе биде изведена и показна вежба. 

Командантот на американската војска во Европа во обраќањето пред Сенатот во март изрази загриженост околу потенцијални нови немири на Балканот. „Русија работи на Балканот, а ние на некој начин веќе не внимаваме на регионот“, изјави тој во сослушување пред сенатскиот Комитет за вооружените сили додавајќи дека Русија се обидува да поттикне немири ширум Балканот, преку кампања за дезинформирање на локалното население.


Слично

Поврзани вести