Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ГОЛЕМИНАТА НА ЛУЃЕТО СЕ ГЛЕДА КОГА СЕ НА ВРВОТ“: Ина Многуфина за економскиот раст порачува 'немојте со понижување да ги гледате'

„ГОЛЕМИНАТА НА ЛУЃЕТО СЕ ГЛЕДА КОГА СЕ НА ВРВОТ“: Ина Многуфина за економскиот раст порачува 'немојте со понижување да ги гледате'

„Добронамерни“ совети или остра кртика? По објавата дека нашата економија е меѓу земјите со најдобри резултати, со остроумен пост на социјалните мрежи се огласи Ина Многуфина. 

Препознатлива по нејзините иронични, но секогаш на место забелешки, Ина овој пат се огласи со „добронамерен совет“. 

- Сега откако сме четврта економска сила во светот понашајте се ко ништо да не се сменило. 

Со вашите пријатели од странство комуницирајте како со рамни на вас, немојте да ги гледате од горе, во врски убаво преиспитајте се дали ве сакаат вистински или ве сакаат за пасошот, ако видите некој дека ве гледа попреку тоа е некој од трите земји на кои им дишеме во врат за тронот на најјаки во свет, значи не отскокнувајте од околината. 

Не бидете ко оние сега откако сме четврти најјаки во свет не праиме муабет со клошараана. 

Ако пак правете муабет и со оние од Швајцарија и од Норвешка, Јапонија, Америка...немојте со понижување да ги гледате. Големината на луѓето се гледа кога се на врвот - пишува во објавата на Ина. 


Слично

Поврзани вести