Економија, финансии, бизнис

Контакт

Големи разлики во резултатите од тестирањата кај лабораториите во Македонија

Големи разлики во резултатите од тестирањата кај лабораториите во Македонија

БИРН утврди големи разлики во процентите на позитивни случаи во односот на севкупните бројки при ПЦР тестирањата во лабораториите низ Македонија.

Најголемите разлики биле забележани во првите десет дена од 2022. Кај помалите лаборатории „Лаор“, „ВФВ Медикал“, „Ели Медика“ и „Ројал Медика“ процентите на позитивни случаи бил исклучиво мал - од 0,63 до максимум 5 отсто.

Највисок просек имале лабораториите на „Плодност“ и „Спектра ММ“ од 44, односно 56 проценти.

Лабораториите на „Жан Митрев“, Биотек“ и „Авицена“ покажале позитивни случаи од 28 до 35 отсто.

Податоците на БИРН се од Институтот за јавно здравје од први до 24 јануари.


Слично

Поврзани вести