Големи бројки на починати од ковид во земјава, што вели Филипче за рестриктивните мерки за празниците
Во Македонија, 47 лица починале од вирусот корона а се регистрирани 627 нови случаи на инфекција, соопшти вчера Министерството за здравство.
Досега, 4556 лица починаа од коронавирус во земјава, дијагностицирани се 148.618, а активни се 18.469.
Институтот за јавно здравје регистрираше дека се опоравиле уште 765 пациенти, така што вкупниот број на излекувани пациенти се зголеми на 125.593.
Гостувајќи во Тема на денот на Сител, министерот Филипче кажа дека зависно од бројот на нови случаи и хоспитализации , следната недела ќе се носи одлука дали полицискиот час и рестриктивните мерки ќе останат и за време на празниците.Филипче уште една повика за пријавуавње за вакцинација а забрзување на динамиката на вакцинирање ќе биде забрзана кога ќе пристигнат кинеските 200 000 дози.
фото: тв сител
Слично
