Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО СЕЛО ГОРНО АРНАКИЈА - ќерката починала од струен удар, а по неа и мајката која отишла да и помогне

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО СЕЛО ГОРНО АРНАКИЈА - ќерката починала од струен удар, а по неа и мајката која отишла да и помогне

Страотна несреќа се случила вчера во селото Горно Арнакија кога од струен удар починале мајка и ќерка.

Имено, мајката отишла да му помогне на несреќното девојче кое лежело погодено од струен уидар, по што и таа завршила фатално. 

„На 08.03.2022 околу 14.50 часот во Полициско одделение Сарај од Итната медицинска помош е пријавено дека во с.Горно Арнакија има две женски лица починати од струен удар. Полициски службеници излегле на местото на настанот и според изјавеното од  Н.С.(27) од с.Арнакија, откако околу 14.10 часот ја пронашла нејзината сестра М.С.(24) од истото село во купатилото погодена од струен удар, се упатила по помош, но во меѓувреме нејзината мајка З.С.(57), при обид да ѝ помогне на М.С., била погодена од струен удар. Од Итна медицинска помош е констатирана смрт кај двете лица. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по насока на Јавен обвинител телата на починатите се предадени на семејството“, се вели во билтенот на Министерството за внатрешни работи. 

Слично

Поврзани вести