Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО РОМАНОВЦЕ - три деца загинаа од експлозија на плинска боца

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО РОМАНОВЦЕ - три деца загинаа од експлозија на плинска боца

Три деца загинаа, а шест лица се тешко повредени при експолозија на плинска боца во семејна куќа во кумановското село Романовце. 

Утринава околу 10 часот се случила несреќата, во дневната соба, на приземјето на куќата каде што се наоѓале повеќе членови од семејството.

Од МВР соопштија дека денеска околу 10 часот во Куманово – сел .Романовце во куќа сопственост на Ш. А. од експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три лица починале на лице место, а шест лица се пренесени во Општа болница во Куманово каде им се констатирани тешки телесни повреди, но поради сериозноста на повредите истите ќе бидат префрлени во Ургентен центар Скопје.

Известен е Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово упатена на лице место со цел утврдување причини кои довеле до несреќата.

Слично

Поврзани вести