ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Шестгодишно детенце паднало од трактор и починало
Шестгодишно дете починало во болница по пад од трактор во селото Дебреште.
Потоа увид извршила екипа Полициската станица Прилеп во присуство на Јавен обвинител.
„Според пријавеното, во 19.40 часот во с.Дебреште, прилепско, додека А.А.(27) од село Дебреште управувал трактор „имт-539", без регистарски таблици, од тракторот паднало шестгодишно дете, кое се превезувало со него, и се здобило со повреди, по што било пренесено во Градска болница Прилеп каде што лекар констатирал смрт“, се вели од полицијата.
Слично
