ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА - Млад 25 годишен скопјанец загина откако со мотоцикл излета од автопат
Голема трагедија се случила вчера вечерта на автопатот Скопје Тетово, на кој загинал млад 25 годишен мотоциклист од Скопје.
Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера во 21 часот на автопатот Скопје – Тетово, на обиколница на град Скопје, после клучка Мирковци. Лицето Д.З.(25) од Скопје, управувајќи мотоцикл „априлија", со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
По незгодата Д.З. бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски", каде им подлегнал на повредите.
Извршен е увид на местото на незгодата, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Слично
