ГОЛЕМА ТАГА ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА: Почина нејзината мајка, Марика Ристовска
На Илинден, почина мајката на Лилјана Поповска од партијата ДОМ.
„ Во очи на македонскиот празник Илинден, тивко си замина нашата мајка, Марика Ристовска, добрата тетка Мери, хуманитарка и светица, жена љубов. Ќе му се придружи на својот бескрајно сакан Блаже, неговата друшка, духовна партнерка и соборец во борбата за афирмација на Македонија и македонската кауза. Со енергија на лавица го бранеше и помагаше делото на татко ми, по прашливите архиви во Софија, Одеса, Петроград, по првите македонски митинзи во Америка со дијаспората, во МАНУ и други македонски институции. Но лавица беше и за семејството, за своите ќерки, зетовци и внуци, но и за сите на кои им требаше подадена рака. Таа беше човек институција, со фантастична способност за организирање и премостување и на најкомплицирани ситуации, кои Мери и Блаже ги имаа во огромен број во својот бурен и богат живот.
Испраќањето ќе биде во четврток, на 3 август, од 10-11 во капелата во Бутел. Бог да ја прости, сонце наше, Боже колку ќе ни фали!“ напиша таа.
