Голема промена на времето ќе има викендов
Промена на времето ќе има за викендот.
Од утре кон крајот на денот до понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Тие локално ќе бидат пообилни при што ќе наврнат повеќе од 25л/м2. Врнежите ќе бидат проследени со грмежи, ветер и услови за појава на град.
Во вторник ќе дува засилен северо-западен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите и ќе има услови за слаб снег на повисоките планини.
Утринската температура ќе биде во интервал од нула до 13 степени, а дневната од 11 до 25 степени.
Слично
