ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Се апси во Струмичко-гевгелискиот регион
Под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, во тек е голема полициска акција во Струмичко-гевгелискиот регион.
Од Министерството за внатрешни работи и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најавуваат повеќе детали во текот на утрешниот ден.
Акцијата е под водство на Специјализираното јавно обвинителство за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.Според информациите од некои од медиумите, акцијата има за цел да ги расплете нишките на сериозен криминален случај кој веќе подолго време е под лупа на правосудните органи.
Фото: Пиксабеј
Слично
