Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голема поддршка за хуманитарната акција во Американската амбасада

Голема поддршка за хуманитарната акција во Американската амбасада

Македонските граѓани, институции и политичари дадоа голема поддршка за хуманитарната и крводарителската акција во Амбасадата на САД во Македонија по повод американскиот државен празник на службата и сеќавање кој е поттикнат од сите храбри волонтери и првите пожарникари, болничари и полицајци кои одговорија на страшниот напад со цел некому да помогнат. 

Најдобар начин да ги запаметиме оние кои сме ги загубиле е да им помогнеме на оние кои во моментот имаат потреба од помош, изјави американскиот амбасадор во Македонија, Џес Белји.

- Духот на волонтеризмот се зголеми од 11 септември 2001 година и тој дух се обидуваме да го пренесеме денеска тука во Македонија со одржување на оваа крводарителска и собирна акција, рече Бејли и им се заблагодари на тимот на Црвениот крст на Скопје и на Институтот за трансфузиологија, со чија помош Амбасадата ја организира акцијата.

Оваа акција се спроведува веќе девет години и како што посочи Бејли секоја година зема се поголем замав. Минатата година била достигната рекордна бројка, а амбасадорот на САД истакна дека смета оти оваа година може да се урне тој рекорд.  

Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити истакна дека 11 септември 2001 година е трагедија која однела многу животи на недолжни граѓани и „настан кој не научи сите заедно да бидеме сложни солидарни и хумани“.

На присутните им се обрати и директорот на Институтит за транфузиологија  Кочо Димитровски, кој изрази благодарност поради тоа што Инситутот и Црвениот крст имаат можност да бидат активни учесници во хуманитарниот настан и да ја спроведуваат мисијата  да се обезбедат доволни количини сигурна крв за сите пациенти на кои им е потребна во Македонија.  

- Денеска тука даруваме дел од себе, од нашата хуманост, даруваме дел од нашата крв, облека, храна за да им помогнеме на оние на кои сме им најпотребни, додаде Димитровски. 

Во акцијата учествуваа и високи државни функционери - претедателот на Собранието Талат Џафери, пратеници, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, како и повеќе градоначалници.

Националниот ден на служба и сеќавање почна да се одбележува во 2002 година во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември.  


Слично

Поврзани вести