Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМА НЕКОНТРОЛИРАНА МОЌ ВО РАЦЕТЕ НА ЕДЕН ЧОВЕК - реакции на осуда на рускиот напад врз Украина

ГОЛЕМА НЕКОНТРОЛИРАНА МОЌ ВО РАЦЕТЕ НА ЕДЕН ЧОВЕК - реакции на осуда на рускиот напад врз Украина

Реакции на осуда на чинот на напад врз Украина, која рускиот претседател Владимир Путин ја нарече специјална операција, стигнуваат од експертски кругови во земјава. 

Професорката Мирјана Најчевска излезе со коментар.

„Голема неконтролирана моќ во рацете на еден човек секогаш води во лудило“, пишува професорката Најчевска на својот фејсбук профил.

Профеорот Марјан Ѓуровски пишува. 

„Украина е пред хуманитарна катастрофа, а Европа пред мигрантски бран. Евентуалниот пад на Киев ќе биде пораз на западната политика. Потребен е итен прекин на огнот од руска страна. НАТО сигурно ќе ги заштити териториите на своите членки со распоредување на дополнителни трупи без директно воено инволвирање во конфликтот, додека е меѓу Русија и Украина. Економските санкции задоцнија и последиците од нив ќе се чувствуваат допрва. Економската безбедност на светот вклучително на Европа е целосно загрозена. Осуда на руската воена агресија доаѓа од сите страни. Целосно од Русија е погазено меѓународното јавно право и сите механизми на меѓународниот поредок, вклучително и Советот за безбедност на ООН. Солидарност со Украина и украинскиот народ преку конкретни политички и економски мерки се повеќе од потребни, наместо твитер пораки и само морална поддршка“, пишува Ѓуровски на фејсбук. .

„Моите мисли се со нашите украински пријатели. Останете безбедни“, пишува новинарката Билјана Секуловска.

Слично

Поврзани вести