Голема негативна температурна аномалија на повидок: Ќе грееме ли во јуни?
Метеорологот Славчо Попоски предупредува на можна температурна аномалија која би започнала на 13 јуни.
Имено, според прегледите на прогностичките модели, од 13 месецов се очекува голем пад на температурите кој е невообичаен за овој период од годината.
„Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето“, вели Попоски.
Слично
