Голема донација за ГОБ „8 Септември“
Австриска хуманитарна организација денеска донираше помош во ГОБ „8 Септември“. Два камиона донесоа 40 болнички кревети, наткасни за пациентите, како и заштитна облека за здравствените работници.

Директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов вели дека секоја помош е добредојдена, особено во периодот на ковид кризата во земјава.

-Оваа здравствена установа од почетокот на епидемијата во Македонија беше ставена целосно во функција на лекување и грижа за пациентите болни од ковид. ГОБ „8 Септември“ цели седум месеци беше најголемиот ковид-центар во земјава, каде се носеа најтешките пациенти. Од септември наваму, го вративме тековното работење на болницата, а сега истовремено лекуваме и пациенти со најтешка клиничка слика болни од корона вирусот. Секоја ваква помош навистина е добредојдена, вели директорот Костов.

