Голема бројка на намерно запалени возила за помалку од една година
Според официјалната статистика на МВР, од јуни 2017 до март годинава, на територија на цела држава полицијата регистрирала вкупно 181 случај на запалени возила,од кои 46, според истрагата, биле запалени намерно.
Најголем број на намерно запалени возила има во Скопје, 35, четири случаи во Битола, по два има регистрирано, охридската и струмичката полиција и по едно во Велес, Штип и Куманово.
Автомобили им се запалени на јавни личности и функционери, како оној во март на пратеничката на СДСМ Славица Шуманска – Митева, во Виница и последен во билтенот оној на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски.
Слично
