ГОЛЕМА АКЦИЈА: ПОЛИЦИЈА И ПАЗАРНА ГИ „ЧЕШЛАЛЕ“ МЕНУВАЧНИЦИТЕ НА БИТ ПАЗАР И ЧАРШИЈА - две работеле скроз на диво, еве што е откриено
Од МВР информираат дека вчера имало заеднички контроли на Полицијата заедно со пазарните инспектори, на менувачниците на Бит Пазар и Старата скопска чаршија.
Контролата ноткрила дека од опфатени пет, две менувачници ниту се регистрирани како правен субјект, ниту ја имаат соодветната дозвола од Народната банка.
„На 17.05.2023, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во пет менувачници со Старата скопска чаршија на подрачјето на Бит Пазар.
При контролата било констатирано дека две менувачници не поседуваат никаква документација за регистриран правен субјект, ниту Дозвола за менувачко работење од Народната банка на Република Северна Македонија.
Против сопствениците на двете менувачници, од Државниот пазарен инспекторат ќе биде изготвен соодветен поднесок“, се вели во соопштението.
