Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМА АКЦИЈА НИЗ КАФУЛИЊА ВО ТЕТОВО: Инспектори, полиција и УЈП ловеа лица без вакцини и пијачки без фискални

ГОЛЕМА АКЦИЈА НИЗ КАФУЛИЊА ВО ТЕТОВО: Инспектори, полиција и УЈП ловеа лица без вакцини и пијачки без фискални

Полицијата, пазараните инспектори и Управата за јавни приходи викендов контролирале угостителски објекти во Тетово. Влегле во осум кафулиња, а затекнале шест лица без сертификат за вакцинација и две лица без лични карти.

„Од страна на Државниот пазарен инспекторат привремено се затворени два угостителски објекта, а од страна на Управата за јавни приходи се изречени пет глоби на пет угостителски објекти за неиздавање на фискални сметки, соопшти МВР.

Соопштија дека контролата е извршена на 18 и 19 декември 2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во заедничка координирана акција со инспектори од Управата за јавни приходи и од Државниот пазарен инспекторат, во содејство со Единицата за интервентна полиција.

Слично

Поврзани вести