ГОЛЕМА АКЦИЈА: Армиски хелихоптери полнат вода од Вардар за да го гасат пожарот во Сарај
Армиските хелихоптери полнат вода од реката Вардар за да го гаснат пожарот во Сарај. За подвигот да полнат вода од исклучително густо населен и урбанизиран терен добиваат пофалби од граѓаните на социјалните мрежи.

„Секоја чест за пилотите - полнат вода од Вардар и гаснат во реонот на Сарај, напиша и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Таа вчера информираше дека 1.614 припадници на Армијата деновиве излегле на терен да ги гаснат огновите.
„Над 1.000 припадници на Армијата секојдневно се ставени на располагање. Динамиката на прелетите беше исто така на граница на возможното - македонските хеликоптери имаа над 300 налети и исфрлија повеќе од 650 тони вода на огнената стихија. Беспоштедно, Армијата излезе за своите граѓани и државата, информира Шеќеринска.
