ГОЛЕМ ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - наши сограѓани чекаат за излез од Грција и над три часа
Огромни кологи и долги саати чекање на граничниот премин Евзони пријавуваат македонски граѓани до нашата редакција.
Како што посочуваат од голема гужва пред границата стојат веќе три до четири часа, а притоа немаат информации за прекини во работата на границата, ниту пак за штрајкови.

- Кон Македонија тргнавме уште во три часот од Флогита, до граница има еден саат. Но, ние се уште не можеме да ја поминеме границата. Се стои во место, како ништо да не се движи. Најлошо е што сме со мали деца и времето е топло, спарно, имаме доволно количини на вода, но не се доседува во кола, а дополнително не чека пат - вели револтирана скопјанка позната на нашата редакција.
Таа додава дека не ги знаат причините за долгото чекање, ниту пак можат да дознаат, но вели дека се чуствува голем револт меѓу останатите возачи, има свирежи, многумина се буткаат само побрзо да стигнат до границата и не се знае кој во која лента вози.
Вели дека најголем дел од возилата се со македонски и српски регистрации, поради што претпоставува дека гужвите се направени од голем број туристи кои сакаат да се вратат дома пред почетокот на школската година.
Фото: Фактор
