Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА КАРПОШ - гори магацински простор, екипите се на терен

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА КАРПОШ - гори магацински простор, екипите се на терен

Жителите на скопската населба Карпош 4 се вознемирени поради голем пожар кој избувнал денеска во магациснки простор во близина на четирите кули, или во близина на мостот Обединети нации. 

Од видеата кои се споделуваат на социјалните мрежи, на местото на настанот може да се забележи црн густ чад кој се издига високо над населбата, а пламените јазици се видливи од голема далечина.

Очевидци велат дека пожарот избувнал ненадејно и брзо се проширил, а граѓаните вознемирено ја следат ситуацијата од околните згради.

Сепак, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека пожарот кој попладнево изби во опожарените бараки, познати како „лепенки“, во скопската населба Влае е ставен под контрола.

- Пожарот на опожарените бараки (т.н. лепенки) во Влае се става под контрола. 

Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на БППЗ Скопје под водство на командантот на единицата Звонко Томовски - соопштуваат од ДЗР. 

Благодарение на нивната брза реакција, спречено е ширење на огнената стихија кон соседните објекти.

Според првичните информации, во пожарот нема повредени или настрадани лица. Засега не се познати причините за неговото избувнување, а надлежните најавија дека дополнително ќе се утврдуваат околностите.

Фото: Дирекција за заштита и спасување

Слично

Поврзани вести