ГОЛЕМ ПОЖАР ВО МАГАЦИН НА ЈПКД „КОМУНАЛЕЦ“: Предизвикана е голема материјална штета
Четири противпожарни возила и 15 пожарникари гаснеле голем пожар кој избувнал вчера околу 17:25 часот во објекти кои се користат како магацини на ЈПКД „Комуналец“, информираа од ТППЕ Струмица.
-Пожарот беше во разгорена фаза и исклучително тежок за гаснење. Беше побарано од ЕВН да се исклучи струјата поради голема опасност за животите на пожарникарите-спасители кои беа навлезени длабоко во магацинските простории и го гасеа пожарот. Друг тим, во исклучително тешки и опасни околности заради дождот што врнеше, изврши отворање на лимениот покрив и овозможи чадот да излезе од просториите, се вели во објавата.
Пожарот, кој е локализиран и ликвидиран, предизвика голема материјална штета, а тим на ТППЕ Струмица синоќа дежурал на местото на пожарот.
Фото:МИА
