Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голем пожар во Лисиче изгоре две куќи, детали од МВР

Голем пожар во Лисиче изгоре две куќи, детали од МВР

Осумчлено семејство, со две мали деца, синоќа остана без кров над главата. Пламените јазици ја проголтаа нивната куќа лоцирана на улицата Михаил Глинка, во близина на трговскиот центар во населбата Лисиче, а пожарот ја зафатил и соседната куќа која исто така претпела големи материјални штети.

Според деталите на МВР едната куќа била целосно опжарена, а пожарот се проширил и на соседна куќа, сопственост на 46-годишниот С.А. при што целосно бил опожарен кровот и дел од инвентарот на приземјето.

Пожарот е целосно изгаснат десетина минути по полноќ од Бригада за противпожарна заштита.

На пожарот, му преходел силен звук- пукање, кој ги вознемирил жителите на населбата во општина Аеродром.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот, информираат од МВР.

Слично

Поврзани вести