Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БЛИЗИНА НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР - екипите се на терен

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БЛИЗИНА НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР - екипите се на терен

Голем пожар избувна спроти Клинички центар во Скопје, јавува Курир. На терен има полициска екипа, како и вознемирени граѓани од околните згради.

Очевидец за Курир вели дека автомобил е во пламен и дека постои опасност пожарот да се прошири.

На социјалните мрежи веќе се шири видео од пожарот, и на него може да се забележи дека има полициски екипи на терен. 

Но, како што јавуваат од Курир, на улиците има излезено и многу граѓани кои се вознемирени од пожарот. 

Дел од медиумите јавуваат дека е пристигната и противпожарна екипа. 



Фото: Принтскрин/Фејсбук/Курир

Слично

Поврзани вести