Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голем пожар се шири кај Велешко Езеро

Голем пожар се шири кај Велешко Езеро

Пожар има кај Велешко Езеро, а за ставање на огнот под контрола, побарана е интервенција на авионите на ДЗС.

Општина Велес апелира граѓаните да не се движат во близина на опожарените појаси околу езерото, а возачите кои минуваат на автопатот внимателно да управуваат со моторните возила, затоа што поради чадот е намалена видливоста на коловозот и го попречува безбедното одвивање на сообраќајот.

Центарот за управување со кризи информираше дека пожарот избувнал во близина на село Отовица каде гори борова шума и сува трева. На терен се излезени од ТППЕ Велес и вработени од ШС Бабуна. На помош во гаснењето на огнот е повикана и екипа од ТППЕ Штип. 

Слично

Поврзани вести