Голем пожар покрај Преспанското езеро
Покрај Преспанското езеро вчера се раширил голем шумски пожар кој со големи напори на противпожарните служби се прават обиди да се стави под контрола и да не дојде до поголема материјална штета.
На 20.04.2018 година во 22,50 часот во Ресен, на место викано „Езерани“, настанал пожар, при што горела трска покрај Преспанско Езеро, во должина од 2км.
На местото на настанот излегла екипа од Противпожарна единица Ресен и се преземаат мерки за гаснење на пожарот.
Фото: Архива
Слично
