Голем пожар кај ветерниците во Богданци
Голем шумски пожар се шири во близина на ветерниците кај Богданци.
Веста за МИА ја потврди градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов. Тој бара да интервенираат канадерите за гаснење на пожарот поради непристапниот терен.
Пожарот се шири со голема брзина, и според информации од градоначалникот Шапов, гори нискостеблеста шума на околу 400 до 500 метри од ветерниците.
Пожарот може да се забележи и од патот Струмица-Валандово, од превојот „Валандовско брдо“.
Слично
