Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЛЕМ ПОЖАР ИЗБИ ВО ВАРДАРИШТЕ - екипите се на терен, граѓаните загрижени поради темните облаци од чад

ГОЛЕМ ПОЖАР ИЗБИ ВО ВАРДАРИШТЕ - екипите се на терен, граѓаните загрижени поради темните облаци од чад

Голем пожар повторо беснее покрај реката Вардар, на местото познато како Вардариште. 

Голем број граѓани реагираат на социјалните мрежи за црниот пламен кој се издигнува и за смрдеата која се шири низ општината Аеродорм. 


Дополнително до нашата редакција пристигнаа поплаки дека делови од Ново Лисиче и Горно Лисиче се без електрична енергија. 

Согласно објавата на веб странта на ЕВН дистрибуција, цела општина Аеродром е без електрична енергија, а според она што е напоменато станува збор за непланиран дефект, поради што нема информации кога ќе биде саниран, ниту кога повторно ќе биде вратено напојувањето со струја. 

Од службите кои одговараат на 112, бројот за пријавување на итни случаеви само потврдија дека пожарот кај Вардариште е пријавен и дека веќе се испратени екипи за гаснење. 

Слично

Поврзани вести