Голем пожар им се заканува на куќите во делчевско Бигла
Пожарникари се борат да го изгаснат пожарот кој попладнево околу 16.30 часот, се рашири во делчевското село Бигла. Во гаснењето учествуваат пожарникари од Противпожарната единица од Делчево, а е вклучено и месното население.
Мештаните пријавиле дека има пожар, а воедно им помагаат на пожарникарите во гаснење на огнот, кој може да ги зафати нивните куќи.
За пожарот известена е и Противпожарната единица од Виница.
Слично
