ГОЛЕМ ПАД НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНА: по историскиот успех, првите месеци се покажаа „значително послабо“
Значително помалку странски директни инвестиции влегле во нашата земја во првите три месеци од годината.
Согласно последните податоци на Народната банка на Македонија, странските директни инвестиции во Македонија достигнале вкупно 135,8 милиони евра (155,3 милиони долари) во првиот квартал од 2025 година.
Ова, како што е покажуваат податоците, е намалување за 58 проценти во споредба со нето-приливот од 327,16 милиони евра во истиот период од 2024 година.
Од НБРСМ информираa дека странските директни инвестиции во првите три месеци од годинава се резултат на нето-приливите кај реинвестирањето на добивката (148,7 милиони евра) и сопственичкиот капитал (135,8 милиони евра), при нето-одливи кај должничките инструменти (148,6 милиони евра).

За споредба, Македонија во текот на минатата година регистрираше највисоки директни инвестиции, или историски рекорд. Имено, во 2024 година странските директни инвестиции достигнаа 1,25 милијарда евра што е двојно повеќе од нето приливот од 616,7 милиони евра во 2023 година.
Ваквата бројка ја става 2023 година како втора најуспешна година за странските инвестиции по 2022, кога СДИ достигнаа 753,82 милиони евра, или беше достигнат историски успех на ова поле.
