Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голем интерес за велешките индустриски зони Караслари и Речани 2

Голем интерес за велешките индустриски зони Караслари и Речани 2
Со јавно наддавање ќе се добиваат парцели во двете нови индустриски зони во Велешко. Зоната Караслари со површина од 24 хектари и Речани 2 со површина од 14 хектари, пред бизнис секторот ги претстави градоначалникот  Славчо Чадиев кој истовремено најави дека почнув постапката за третата индустриска зона на површина од 110 хектари. За еден месец од сега, велешани ќе можат да ја видат долгонајавуваната странска инвестиција, вети градоначалникот. Деталниот урбанистички план за индустриската зона Речани 2  кој ќр има шест парцели со површина од половина декар, треба да биде готов за четири месеци. За Караслари пак сите постапки се готови и парцелите ќе можат да се стават на јавно надавање со почетна цена од евро за квадрат, како и 5% за комуналии. Тука ќе се продаваат седум парцели. Велешките стопанственици ја поздравија иницијативата и изразија заинтересираност за понудените парцели, но истакнаа дека очекуваат индустриските зони да бидат инфраструктурно подготвени и да добијат определени поволности за да можат да инвестираат. Сега, смета претседателот на Регионалната стопанска комора Трајче Трајков, треба да се најдат решенија со кои ќе се овозможи еднаков третман и за домашните инвеститори,ист како за странците. Локалните компании веќе бараат парцели за изградба на погони. „Нашата желба беше помеѓу три и четири хектари, ќе го почитуваме вашето право да се придржуваме кон сите оние лесно загадувачки индустрии. За нас многу поедноставно би било ако целото производство ни е на едно место, а не како што сега сме на неколку локации", истакна Трајче Леов, од компанијата Леов Надлежните открија и дека дел од бизнисмените кои одамна купиле парцели во индустриските зони, а не ги испочитувале договорите,  може да се соочат со нивно раскинување.
Слично

Поврзани вести