Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голем интерес за легализација на дивоградбите во Карпош

Голем интерес за легализација на дивоградбите во Карпош

 Во Општина Карпош во текот на вчерашниот ден биле издадени 19 предмети за утврдување на статусот на бесправно изградените објекти. Од нив, издадени се 15 урбанистички согласности со пресметки и четири решенија за легализација на објектите, соопштуваат од општината.

Оттаму велат и дека вчера исто така се донесени 30 заклучоци за прекинување на постапката, до утврдување на правниот статус на објектите, поврзани со предмети за легализација.

Во текот на вчерашниот ден, од страна на граѓаните до архивата на Општина Карпош биле доставени уште 43 предмети и поднесоци од страна на граѓаните, во кои главно доминираат барањата за легализација.

Слично

Поврзани вести