Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голем хуманитарен гурмански пинкник во Скопје

Голем хуманитарен гурмански пинкник во Скопје

Во недела, 5 јуни, со почеток од  12 часот во Градскиот парк во Скопје, зад споменикот Гоце Делчев,  Советот на странските инвеститори при Стопанската комора Македонија организира голем хуманитарен пикник.

„Светскиот пикник“ се организира по повод 10 годишнината од постоењето на Советот, и со таа цел странските инвеститори во Македонија ќе се обидат да претстават дел од културата наземјите од каде потекнуваат преку најавтентичните рецепти од нивните национални кујни.

JPG_mediumi

Странските инвеститори при Советоткои доаѓаат од САД, Австрија, Англија, Грција, Белгија, Турција, Италија, Швајцарија, Франција, Холандија и Германија ќе се обидат да приредат вистинско гастрономско патување на посетителите во Градскиот парк.

Настанот е отворен за сите посетители, а поради хуманитарниот карактер на настанот, храната ќе се послужува за симболична цена од 100 денари. Собраните средстваќе бидат донирани за потребите на народните кујни во Македонија. За цената на билетот, секој посетител ќе добие можност да вкуси автентично главно јадење, десерт и пијалак. Денот ќе биде збогатен и со содржини за целото семејство, со многу музика и забава, а за децата предвидени се едукативни и интерактивни игри.

Слично

Поврзани вести