ГОЛЕМ ДЕЛ ОД СКОПЈЕ БЕЗ СТРУЈА - исклучена трафостаницата „Аеродром“ прекин има во повеќе скопски општини (ОБНОВЕНО)
По првичните информации дека поради дефект на 110 киловолтна трафостаница „Аеродром” поголем дел од корисниците од Аеродром и Ново Лисиче, како и дел од корисниците од централното градско подрачје, се соочуваат со прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Од Електродистрибуција соопштија дека на барање на Противпожарната бригада на Град Скопје, заради пожарот кај Вардариште, превентивно беше исклучен далекуводот што ги снабдува трафостаниците „Аеродром” и „Исток”.
Оваа мерка, како што велат, е преземена од безбедносни причини, со цел да се овозможи гаснење на пожарот и да се спречат поголеми дефекти на мрежа.
- Нашите екипи се веќе на терен и се подготвени да интервенираат, но чекаат официјално одобрение од Противпожарната бригада за да можат безбедно да го нормализираат снабдувањето со електрична енергија, нагласуваат од Електродистрибуција
