Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голем број жители од Македонија заминаа на гласање во Косово

Голем број жители од Македонија заминаа на гласање во Косово

За разлика од другите гранични премини, денеска беше мошне фреквентно и на моменти со застој на граничниот премин „Блаце“, за што сведочат видео-камерите. Ваквата причина се должи на тоа што истовремено денеска и во Косово, како и во Македонија, се одржуваат локални избори.

За разлика од претпладнето кога застојот беше за излез од Македонија, попладнево спротивната слика е за влез во земјата, што е за очекувано ако се очекува дека голем број на гласачи веќе го оствариле правото на глас.

Граѓаните со двојно државјанство можат да гласаат и во Северна Македонија и во Косово Веќе е познато дека многу Албанци кои живеат во Северна Македонија уживаат државјанство на Косово.

Заменик -претседателката на Државната изборна комисија во Северна Македонија, Дитмире Шеху во отвореното студио на ТВ21 објасни дека ова двојно право е овозможено без разлика на начинот на гласање.

Слично

Поврзани вести