Голем број уредници и управители со средно образование во комерцијалните телевизи
Голем број од уредниците и управителите во комерцијалните македонски телевизии се само со средно образование, покажува најновата анализа на Агенцијата за медиуми АВМУ.
Од 91 уредник, дури 21 бил само со средно образование, додека кај управителите (директорите), од вкупно 52 дури 13 биле со тој степен на образование. Кај новинарите, од вкупно 508, само 94 биле со средно ниво на образование.
Подобра е ситуацијата кај јавниот сервис, односно кај МРТ, каде што од 81 уредник, само осуммина немаат завршено факултет, додека сите пет управители се со универзитетска диплома
Кај радиостаниците, од 49 уредници, само 26 имале високо образование, а кај управителите такви биле 30 од вкупно 56.
Анализата покажува дека во текот на 2017 во однос на претходната година 2016 се намалени вработувањата на новинарите и техничкиот персонал и кај комерцијалните телевизии и кај МРТ, како и кај радио-станиците.
Кај комерцијалните телевизии тие во 2016-та биле 1.862, а на крајот на 2016-та 1.637 работници. Кај МРТ тие паднале од 905 на 886, а кај радио-станиците од 429 на 325.
