ГОЛЕМ БРОЈ ПОСЕТИТЕЛИ: Колку гости се најавиле од регионот за присуство на Светата литургија со папата Франциск
Католичката црква во Македонија очекува околу 2000 лица од регионот да дојдат во вторник, за претстојното доаѓање на папата Франциск во земјава.
Верници од Хрватска, Албанија, Србја и Грција веќе најавиле во дел од католичките парохии низ земјава дека планираат да дојдат во вторник за да го видат поглаварот на Католичката црква папата Франциск.
Апостолската посета на папата Франциск во Република Северна Македонија ќе се случи на 07 Мај, вторник. Вчера беше последен ден за подигање на бесплатните билети за Светата литургија која што е планирано да се одржи на плоштад „Македонија“ во Скопје.
Слично
