Економија, финансии, бизнис

Контакт

Голден Арт и Мега Акустик добија градежна дозвола за „Треска“

Голден Арт и Мега Акустик добија градежна дозвола за „Треска“

Општина Центар ја издаде првата градежна дозвола за кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје, по што се очекува набрзо да започне и изградбата на првиот објект.

- Издадено е едно правосилно Одобрение за градење за правните лица Голден Арт и Мега Акустик, информираат од општината на прашањето на „Фактор“.

Фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“ претходно ги уплатија комуналиите во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар за изградба на станбено-деловен објект.

Ќе се гради објект со висина од 19.20 метри, катноста е приземје, 5 ката и поткровје, а вкупната бруто изградена површина изнесува 6.662 метри квадрати.

Засега не е издадена градежна дозвола за „Ремис“, кој покрај тоа што е инвеститор, еден од сопствениците на оваа градежна компанија поседува околу 90 отсто од просторот преку денационализација.

Инаку станува збор за простор од повеќе од 62 илјади квадратни метри.

А.К.

Слично

Поврзани вести