Гол маж приведен во центарот на Скопје, па однесен во психијатриска болница
Денеска претпладне на булеварот „Димитрије Чуповски“ пред скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ бил затекнат гол маж како минува низ центарот на градот, а случајни минувачи и средношколци беа сведоци на несекојдневна глетка.
Инцидентот се случил пред очите на минувачите и студентите, а полицијата веднаш реагирала, го лоцирала лицето и во моментов работи на расчистување на случајот.
-На 09.04.2025 во 18.55 часот пред средно училиште на подрачје на Центар, полициски службеници го затекнале Ј.Р.(40) од Скопје како се движи на улица без облека.
Според инфорамции на Курир, лицето било приведено во полициска станица, по што од Итна медицинска помош во присуство на полициски службеници бил спроведен во психијатриска болница за понатамошно лекување, велат од МВР.
